Според епидемиологот д-р Драган Даниловски, високата смртност од Ковид-19 во земјава е поради фактот дека општата состојба на населението е под секоја притика.
-Имаме 400 илјади дијабетичари и 100 илјади астматичари. Половината од децата над 15 години до 18 имаат прекумерна тежина и тие околу 20 проценти се дебели, што значи дека телесната маса им е над 30. Јасно е дека основен ризик фактор е дебелината и хипертензијата. Секој втор граѓанин преку 40 години е хипертоничар, односно има покачен крвен притисок.
Исто така кај нас просекот на внесување готварска сол е преку 15 грама, а знаеме дека солта е виновна за крвниот притисок. Ова се е прекрасна плодна почва за виреење на овој монструм како коронавирусот, изјави Даниловски во емисијата „Студио 10“.