527
Бидејќи и јас без министер на времето, би постапил како што постапи заменик-министерот за здравство, Хасани и веднаш ќе поднесев оставка, вели проф. д-р Драган Даниловски за емисијата „Студио 10“, коментирајќи ја одлуката за понудените морални оставки после пожарот во тетовската модуларна болница.
Во однос на присуството на цивили во ковид-болницата, Даниловски вели тоа е поради отсуство на правилен и квалитетен менаџмент.
-Тој треба да се состои од планирање на ресурси и анализа на состојбата. Дошле роднините таму. Па нема друго решение. Или ќе умре за вода или ќе стисне заби член на семејството за да му се најде на болниот. Тоа е кикс во менаџментот, додава Даниловски.