Д-р Дервишова: Не сме телефонски секретарки, туку здравствени работници

од Берта Китинска
172 прегледи

По објавата на министерот за здравство Венко Филипче дека мтичните лекари преку „Мој Термин“ го закажуваат вакцинирањето против Ковид-19, наиде на остри реакции од страна на матичните лекари.

Претседателка на Здружението на приватни лекари на Република Македонија (ЗПЛРМ), д-р Лидија Чолакова-Дервишова во вестите на Телма напомена дека оваа одлука дополнително им ги зголемува обврските на матичните лекари.

– Ова е активност за вакцинирање, треба да се превземе кај оние вакцинални пунктови. Матичниот доктор повеќе не може да издржи дополнителни обврски.Ние не сме центри на вакцинација. Имаме огромен број на обврски, прегледи, ѕвонења, печатење документи. Гневот на крај секогаш завршува кај нас. Ние треба да советуваме и да ја подигнуваме свеста. Имаме огромен број на други заболувања, не е само коронавиурсот.Не сме телефонски секретарки, туку здравствени работници, им порача претседателката на здружението на приватни лекари, Лилија Чолакова-Дервишова, вели претседателката на ЗПЛРМ.