Вакцинацијата ќе придонесе да се вратиме што побргу во нормалниот живот. Треба да се вакцинираме, за сопственото здравје и за здравјето на заедницата, изјави пулмологот проф. д-р Дејан Докиќ во Студио 10 на ТВ24.
-Вакцините се даваат во две дози, после 4 или после 3 недели, за да може максимално да се искористи ефектот. По првата доза 50% е заштитата, ни по втората доза нема 100% заштита, ефикасноста е околу 90% во најдобар случај. Мора да се знаат вистините за вакцините, и маските не даваат 100% заштита. Додека не се вакцинира 70% од населението, ќе треба да се носат маските, вели Дејан .
Пулмологот Докиќ соопшти дека според статистиката на Интерната ковид клиника, дупло поголем е процентот на починати мажи во однос на жени.
-Премиерно ќе ги изнесам податоците по 3 месечната работа како координатор на ковид клиниките, сметам дека треба отчетно пред јавноста да ги известиме податоците за тоа како се лекуваше болеста.Од 1200 пациенти со ковид со пресек до 15 јануари од починатите дупло повеќе се мажи што значи дека во поголем процент мажите двапати почесто умираат од жените, оние кои немале никакви болест , а починале од ковид се 8 проценти, додека пак 92 проценти се лица кои веќе страдале од болести. Затоа постарите сакаат да се вакцинираат, изјави Докиќ.