Д-р Докиќ: Граѓаните да не пијат парацетамол за температура од 37 степени

од Берта Китинска
555 прегледи

Кога сте болни од вирус не треба да пиете антибиотик, вели проф. Др. Дејан Докиќ во емисијата Клик плус.

-Секој кој се лечи во домашни услови треба да знае дека потребен е внес на голема  количина на течности, витаминска терапија, цинк, д витамин…Најважно е  граѓаните да не земаат непотребно парацетамол за температура од 37 степени, оставете телото да се избори со вирусот. Лек се зима со температурата над 39 степени, сите знаат дека антибиотици  се даваат таму каде има бактериска инфекција, за вирус не се дава антибиотик, па макар имате и температура, вели Докиќ.

Слични содржини