Добар дел од пациентите доаѓаат во тешка состојба, што е една од причините за големата смртност од Ковид-19, вели пулмологот и координатор на ковид-центрите во интерните клиники, д-р Дејан Докиќ во емисијата „Само вистина“.
Тој информира дека од 2000 лечени пациенти во период од 6 месеци, смртноста изнесува 381, од кои што една петина се примени со задоцнување.
-Ни со машини или лекови тогаш не може да им се помогне. Пациентите прво мислат дека е Ковид-19, дека лесно ќе поминат, меѓутоа болеста е таква кај некого што состојбата се влошува меѓу седмиот и деветиот ден. Тоа зависи од имунилошкиот систем на организмот. Сепак треба да имаме предвид и дека пресилен имунитет може да навлезе во цитокинска бура, при што голем дел од нив починуваат, вели Докиќ, додавајќи дека староста и хроничните болести се исто така меѓу причините за голема смртност од коронавирусот.