Kоронавирусот ќе исчезне како што исчезна еболата, во моментот кога ќе ги исцрпи сите мутации и повеќе нема да може да влијае на луѓето, објасни вирусологот д-р Ана Глигиќ.
Коронавирусот мора да исчезне. Ако еболата исчезна, ќе исчезне и оваа чума- со овие зборови, д-р Глигиќ ѝ даде најдобра можна прогноза на Србија.
„Едно е сигурно, секој пат кога ќе се обидеме да предвидиме нешто за короната, вирусот нè залажува, дури и нас кои го знаеме вирусот подолго време. Сега се одржува преку разни мутации. Сепак, секако ќе дојде време кога тој веќе нема да може да влијае на човекот. Во еден момент, короната нема да може да најде своја подлога и ќе ослаби толку многу што во одреден момент делумно ќе исчезне“, рече Глигиќ, додавајќи:
„Сигурно ќе има поединечни случаи. Короната ќе остане во природата, но никогаш во оваа форма на начин да има пандемиска форма“, рече д-р Глигиќ, потсетувајќи дека еболата исчезна во Африка токму така, па ќе мора и короната.
„Вирусот мора да се победи, а најголемиот спас е во вакцините“, заклучи таа за „Курир“.