Д-р Грозданова: Македонија како популација може лесно и брзо да се извакцинира

од Берта Китинска
248 прегледи

Доктор Александра Грозданова во емисијата на ТВ Клан, изјави дека верува дека во нашата земја лесно и брзо ќе се извакцинира населениото.

-Македонија во овој момент има предност во тоа што се следат примерите од другите земји каде започна вакцинирањето. Воедно ние сме мала земја по број на население и популација, затоа процесот на имунизација ќе оди побргу. Процесот на вакцинацијата  треба добро да се испланира. Сите треба да бидеме свесни дека процесот на имунизација е глобален процес, кој кажува дека никој не е заштитен доколку сите не се заштитени и токму поради тоа КОВАКС функционира за сите земји да добијат вакцини.Ние сме во предност затоа што меѓувреме го направивме националниот план, верувам дека вакцините ќе дојдат  во февруари. Во секој случај  Македонија како популација може лесно и брзо да се извакцинира, вели Грозданова.

Слични содржини