Д-р Грозданова: Поразително е што одредени здравствени работници се промотори на невакцинирањето

од Берта Китинска
362 прегледи

Се соочуваме со тренд на намалување на интересот кај луѓето за имунизација, посочи на онлајн состанок проф. д-р Александра Грозданова од Институт за фармацевтска хемија и Национална координаторка за имунизација.

-Задршката која здравствените работници ја имаат кон вакцинацијата, а особено кон вакцината на ковид, ме загрижува. За некој ден ќе го одржиме 30-от семинар со здравствените работници на оваа тема. Досега се едуцирани 800 здравствени работници. Поразително ќе биде ако дојде до нас информација дека одредени здравствени работници немаат информации или се промотори на невакцинирањето. Тоа е професионално и етички неисправно, истакна Грозданова.

Таа објасни дека нема ризик по здравјето ако примите вакцина, а во моментот имате висок број на антитела.

-Нивото на антитела се само една мала слика за имунитетот и не постојат никаде препораки за референтните вредности под кои или над кои би требале или не би требале да се вакцинираме. Наша препорака е граѓаните да не се оптоваруваат со тестирање на антитела, туку да ја примат вакцината за заштита од вирусот и болеста, вели таа.

Слични содржини