Д-р Грозданова: Вакцината „АстраЗенека“ ќе биде дадена на лицата под 65 години

од Берта Китинска
184 прегледи

Во однос на тоа дали со вакцината „АстраЗенека“ ќе бидат вакцинирани лицата под 65 години,  д-р Александра Грозданова објасни дека засега ќе се следат препораките од сотанатите земји.

-Информациите за „АстраЗенека“  ги следиме на тековна основа досега официјално соопштение  од СЗО нема дека не треба да се користи ,  но искуството од другите земји како Франција, Шпанија кажуваат дека оваа вакцина нема ефект кон постарата популација.Ние овие препораки ќе ги следиме и очекуваме дека оваа вакцина ќе биде дадена на лицата под 65 години. Не значи дека оваа вакцина е штетна туку таа дава помалку ефект кај постарата популација, вели Грозданова.