Моторспорт советникот на Ред Бул во Формула 1, д-р Хелмут Марко изјави дека Рено ја забрзале одлуката на Ред Бул во однос на склучувањето на договорот за мотори со Хонда. Францускиот тим даде ултиматум до недела на тимот кој сакаше уште една трка за да ги спореди двата мотори на снабдувачите. Првичниот план беше за Ред Бул да ја објави својата конечна одлука по Големата награда на Франција.

„Ние немавме избор“, вели Марко, но додаде дека Ред Бул биле убедени од Хонда уште пред вторникот.
„Новите надградби кои веројатно не беа користени многу прецизно во Канада поради недостиг на среќа, му донесоа на Торо Росо три десетини подобри времиња за обиколка. Договорот со Хонда останува позитивен во секој поглед – спортски, технички и финансиски“.
Договорот меѓу Ред Бул и Хонда е за две години – 2019 и 2020, а продолжуваат да се слушаат гласини за влезот на Порше и Астон Мартин како производители на мотори во Формула 1 од 2021 година.