Директорот на Здравствениот дом-Скопје, д-р Виктор Исјановски вечерва информира дека последните податоци покажуваат дека има многу помал интерес за вакцинација.
-Од декември до втората недела на јануари на територија на град Скопје имаме аплицирано 30.535 дози, а 16.335 се со трета доза. Остатокот е многу мал со прва доза. Опаѓа интересот, посочи Исјановски во емисијата „Топ тема“.
Докторот наведе податоци од едно истражување од еден институт во Италија, во однос на вакцинирањето.
-Лицата со примена трета доза, 98% се шансите да не завршат со хоспитализација, а оние со примена втора доза, шансите се 75%. Апелирам сите што примиле две дози да се вакцинираат и со трета. Нема потреба од испитување антитела, гужви и трошење пари, појаснува д-р Исјановски.