Д-р Исјановски се откажа од советничкото место: Треба човек да биде скромен, моето место го отстапувам на следниот кандидат

од Vladimir Zorba
963 прегледи

Со мојата кандидатура сакав да допринесам што е можно повеќе за Социјалдемокрастскиот Сојуз и мислам дека успеавме. Треба човек да има образ и да биде скромен, сепак сум директор и професор на Медицинскиот факултет имам повеќе ангажмани и би било во ред спрема партијата и граѓаните да го отстапам местото на следниот кандидат, вели во изјава за „Локално“ доктор Виктор Исјановски, директор на Здравствениот дом-Скопје, објаснувајќи ја својата одлука за повелкување од советничкото место во Општина Карпош.

-Пред се помислив да не има некој конфликт на интереси бидејќи сум на позиција на една голема државна функција како директор на Здравствениот дом-Скопје имам доста ангажамани со пандемијата како и во моментов со вакцинацијата за сезонскиот грип. На изборите освоивме осум советнички места во општината Карпош, вели Исјановски.

Според избирачкиот список, Гордана Ивановска Велковска од редовите на СДСМ ќе биде негова замена во советот во општина Карпош.

Воедно вчера од советничката функција се повлече и носителката на листа на Град Скопје, доктор Софија Пејкова, која е и директорка на скопската Клиника за пластична хирургија, тврдејќи дека на тој чекор се одлучила поради зголемени професионални ангажмани.

Б.М.

Слични содржини