255
Министерството за здравство информира дека за раководител на Клиниката за ортопедија при ТОАРИЛУЦ назначен е д-р Далип Јахја од ЈЗУ Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ).
Клиниката за ортопедија остана без раководител, откако шефот на болницата, Доц.др. Виктор Камнар утрово си поднесе оставка на функцијата. Како што дознава Сител, Камнар оставката ја поднел поради лични причини.
Камнар раководеше со оваа установа повеќе од три години и за тоа време успеа на операционите сали да им даде нов лик, односно, по повеќе децении беше реновиран хирурршкиот блок на ортопедија.