Д-р Јонузи: Ќе се вратам во моето родно Кичево да им служам на моите сограѓани

од Берта Китинска
243 прегледи

Младиот доктор од Кичево, кој успешно ја заврши специјализацијата по општата хирургија во Скопје, д-р Невзат Јонузи реши повторно да се врати во Кичево и да работи во Општата болница од каде отиде на специјализација.

Д-р Јонузи завршил основното и средното образование во Кичево, дипломирал на Медицинскиот факултет на Универзитетот „Свети Кирили и Методии” во Скопје, а по дипломирањето се вработил во Општата болницата во Кичево, од каде отиде на специјализација на Универзитетската клиника во Скопје.

По успешно завршена специјализација тој најави враќање во родното Кичево, што е реткост во последните години повторно да се вратат во родниот крај докторите што специјализирале во Скопје или на друго место.

-Ќе се вратам да им служам на моите сограѓани во Општата болницата во моето родно Кичево, изјави д-р Јонузи.

Слични содржини