Д-р Јовановска: Конго-кримската треска не се пренесува како ковидот, туку преку секрети и крв

од Nikola Popovski
413 прегледи

Починатата пациентка од штипско со конго-кримска треска имала голем број на секрети и крварења и оттука тие се тие заразните содржини што би можеле да бидат пренесени. И покрај заштитата што ја имаме, болничарката била заштитена додека работела со пациентката, но потоа кога ги симнува ракавиците или облеката, доволно е малку да прсне во слузниците и очите и така да се зарази. Многу треба да се внимава, д-р Добринка Наунова Јовановска за состојбата со болеста и заразената болничарка од Клиниката за Инфективни болести.

Според докторката, заразената болничарка е во стабилна состојба и параметрите се следат за да не дојде до влошување. Веќе поминуваат пет дена како е болна.

Кај оваа болест важна е супортивната терапија и да се надополнува се она што се губи. Се надеваме дека пациентката ќе остане во стабилна состојба, додаде Наунова Јовановска.

Од Инфективната клиника информираат дека сите што биле во контакт со пациентката се под надзор и се следат.

Досега 29 се од првиот контакт и првата пациентка. За ден-два им истекнува надзорот. Од новиот контакт од заразената болничарка, 11 се под надзор и тие внимателно се следат. Пренесувањето на инфекцијата не настанува од разговор како ковидот што беше, туку потребни се секрети или крв. Не е битно дали ќе дојде на работа или ќе разговараме, туку дали ќе се развие болеста и дали ќе имаме извор на зараза, потенцира докторката.

27-годишната жена од штипско почина од конго-кримска хеморагична треска откако крлеж и ја пренел заразата кој на нејзиното тело бил закачен еден час. По потврдување на случајот, надлежните здравствени институции постапија согласно препораките на СЗО .

Слични содржини