Од почетокот на епидемијата, во Србија се тестирани се 641.091 лица. За жал, починаа уште осум лица. Вкупниот број на пчинати е 551. Во моментот, бројот на хоспитализирани е 4.531 лица. Кога станува збор за деца, имаме девет во КБЦ „Драгиша Мисовиќ“, а на гинекологија има шест бремени жени. Шест деца се хоспитализирани во КЦ Ниш, три во Шабац. Сите деца се во стабилна состојба“, рече епидемиологот д-р Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.

Кога станува збор за распределбата по пол – 52,84 проценти од пациентите се мажи, а 47,16 жени.
Поделба по возраст
0-9 години – 2 проценти
10-19 години – 3,2 проценти
20-29 години – 13,8 проценти
30-39 години – 19,8 проценти
40-49 години – 19,85 проценти
50-59 години – 17,3 проценти
60-69 години – 13,6 проценти
70-79 години – 7,9 проценти
80-89 години – 2,9 проценти
90+ години – 0,3 проценти
– Можеме да видиме дека најголем број пациенти имало во возрасните групи од 30 до 39 години и од 40 до 49 години, 60 проценти биле до 50 години, што покажува дека младите биле повеќе изложени на вирусот и помалку се штителе од вирусот – рече Дарија Кисиќ Тепавчевиќ.
Таа објасни дека индикаторите покажуваат има придржување кон мерките и дека се забележува тренд на намалување, но дека луѓето мора да бидат најодговорни токму сега.