Д-р Којиќ: Има народи кои едноставно не се зрели за демократија

од Берта Китинска
572 прегледи

Цел ден врескот по социјалниве мрежи околу меркиве. И сите одеднаш Швеѓани…И сите кажуваат како е во развиените земји. Епа вака: Во развиените држави, луѓето имаат „развиени“ мозоци и уши и слушаат препораки и не ги прекршуваат: не дремат по паркчиња и чопори од по 10, не одат скришнона гости..И не глуматаат најголеми експерти за се, пишува во својот Фејсбук статус доктор Лилјана Којиќ, од ПЗУ Ординација по педијатрија.

Таа во својата објава објаснува како во развиените земји луѓето имаат висока свест и совест.

-Во развиените земји луѓето се вистински паметни. Нема потреба да се прават паметни. Тука е тајната. Не им требаат забрани. Почитуваат препораки. Шведска, што нашиве „борци за демократски права на луфтирање“ не ја „вадат од уста“, како еталон за демократски права, например, нема задолжителна вакцинација, а има највисок опфат со вакцинација – 96%. За разлика од нас каде што „експертскиот конзилиум на камиказе – ФБ мудреците“, си ги масакрираше лани сопствените деца и предизвика епидемија на морбили, вокоја имаше и жртви.

Има народи кои едноставно не се зрели за демократија. Од тие незрелите има два типа: Едните се просто нецивилизирани, а другиве се лигави, разгалени, недисциплинирани и себични. Вториве се нецивилизирано прости. За жал, ние сме „непораснати“ и очигледно не сме зрели за практикување на демократските права, затоа што тие не подразбираат само права, туку и одговорност. Кај нас одговорноста е ретка птица. Луѓево само бараат – не даваат.

Епа затоа за „бушмани“ и примитивни племиња како нас (без навредливи чувства кон Бушманите) – кои со скромниот број на мали сиви клетки се однесуваат во стилот „ти-на-мене-ќе-ми-кажеш“ и „докторите-немаат-везе“ мора вака. Па „затвор“ ќе окркаме и ние, што ги почитуваме мерките и никогаш не сме ги прекршиле, заедно со бушманите, и оние другите, пишува Којиќ.

Слични содржини