Д-р Кон: Јавниот превоз е легло на короната, носете маски

од Vladimir Zorba
154 прегледи

Кој влегува во јавниот превоз без маска јавно и намерно бојкотира анти-епидемиски мерки, вели епидемиологот и член на Кризниот штаб на Србија, Предраг Кон.

– Во ситуација кога средношколците се во транспорт, тоа им испраќа сосема погрешна порака – напиша Кон на својот Фејсбук профил.

Тој посочи дека јавниот превоз е идеално место за пренесување на вирусот и дека само заедно можеме да го забавиме овој вирус и да спасиме што е можно повеќе животи.

– Носете маски во сите ситуации кога тоа е пропишано – рече Кон.