Српскиот епидемиолог д-р Предраг Кон, член на Кризниот штаб за борба против Ковид-19 на Владата, е задоволен што земјата е во рамките на 50 проценти од вакцинираната возрасна популација со најмалку една доза, но тој исто така е загрижен дека одзивот на младите за вакцинирање е сè уште мал.
– Среќен сум со падот на бројките, падот на бројот на новозаразени, како и со фактот дека денес веројатно ќе надминеме 50 проценти од вакцинираната возрасна популација. Сепак, треба многу посериозно да пристапиме кон вакцинацијата на младите. Сè уште сме во проблем со вакцинацијата и затоа мора особено да следиме што се случува во Велика Британија – вели д-р Кон за српски „Курир“.
Посебен проблем е индискиот, односно делта видот, што може да се појави воземјата.
– Сè уште имаме ризик да се појави индискиот вид и да преживее меѓу младите, и на тој начин ќе бидеме во сериозна ситуација на есен. И токму затоа е најдобро да се погледне Велика Британија, тие имаат делта, а и таму е различен односот на младите кон вакцинацијата – нагласува д-р Кон.
Велика Британија инаку бележи нагло зголемување на бројот на заразени со делта видот, што е околу 40 проценти позаразна од претходно доминантниот вид.