Д-р Кунгуловски: Вакцинирајте се и не релативизирајте

од Берта Китинска
368 прегледи

Доктор  Горан Кунгуловски преку својот Фејсбук уште еднаш укажа дека сузбивање на SARS-CoV-2 пандемијата отсега па натаму e возможно само на еден начин, а тоа е вакцинацијата.

-Иницијалното сузбивање на SARS-CoV-2 пандемијата отсега па натаму e возможно на еден начин:

  1. Вакцинација

Сузбивањето на нови епидемии со нови соеви на SARS-CoV-2 што ќе излегуваат во наредните години е возможно на еден начин:

  1. Ревакцинација со нова вакцина (нема да се чека за неа).

Почнуваш со иницијален имун одговор и заштита. И понатаму само го носиш тој имун одговор на додатни обуки за да добие нови вештини (борба со нови соеви).

Толку е просто.

Донесете вакцини и не релативизирајте. Додека ги донесете, намалете смртни исходи како знаете(ме) и умеете(ме).

Вакцинирајте се и не релативизирајте, напиша Кунгуловски.

Слични содржини