826
Портпаролот на Комисијата за заразни болести, д-р Злате Мехмедовиќ појаснува дека примената на ковид-сертфикатите е пред се за да се заштити населението.
-Доколку ги повлечеме сертификатите, ќе го парализираме здравствениот систем и ќе ги наполниме болниците. Затоа остануваме на ставот дека сертификатите ќе останат, рече д-р Мехмедовиќ во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.
Тој додава дека засега нема дискусија за тоа дали третата доза ќе стане задолжителна.
-Информациите за виновникот за големата смртност ги добиваме од Институтот за јавно здравје. 90% од сите заразени и починати се од омикрон, а 10 % од делта. Имаме пациенти со тешка клиничка форма на болеста по болниците токму од оваа варијанта, потенцира докторот.