Д-р Мехмедовиќ: Давањето пари за вакцинација нема ефект, Србија е најдобар пример за тоа

од Nikola Popovski

Вакцинацијата преку стимулација не е добра. Пример е Србија, која не постигна значаен ефект, со тоа што даваше пари за имунизација, вели д-р Злате Мехмедовиќ во емисијата „Топ тема“.

Тој информира дека процентот на вакцинирани кај нашиот северен сосед е 41, 42%, додека ние сме на 38%.

-Најкатастрофална околу тоа е Бугарија со само 22% и последна е во ЕУ. Нивните мерки не треба да ни бидат пример како да се однесуваме во процесот на вакцинација. Тенденцијата да се негираат безбедноста и ефикасноста на вакцините со децении неверување во нив, направи секој 4-ти во земјите каде што сега има протести, да не биде вакциниран. Тоа се Словачка, Хрватска, Холандија. Ова се должи на менталниот склоп во тие општества. На другата страна ги имаме Португалија, Италија и Франција. Во Португалија на пример, само еден од десет возрасни граѓани не е вакциниран, потенцира Мехмедовиќ.

Слични содржини