519
Д-р Злате Мехмедовиќ од Здравствениот дом Скопје бара од здравстените власти да воведат онлајн настава за учениците поради ширењето на сојот омикрон.
-Има сериозна стидија која што ја објави „Дискавери“, според која што додека хоспитализацијата кај повозрасните е намалена за 30%, кога е во прашање омикрон, кај децата под 18-годишна возраст е зголемена за 20%. Тоа е сериозна бројка која што ни иницира дека треба сериозно да разгледаме за тоа да ги заштитиме младите и да не ги препуштаме толку лесно на вирусот и болеста и да сметаме дека лесно ќе поминат низ таа фаза на создавање имунитет. Онлајн настава е соодветно решение, вели Мехмедовиќ во својот апел, преку изјава за ТВ Сител.