Д-р Мехмедовиќ: Вакцинацијата кај нас требаше да биде спринт, а испадна маратон

од Nikola Popovski

Д-р Злате Мехмедовиќ кој е нов портпарол на Комисијата за заразни болести информира дека проценките на здравствените власти биле дека ќе вакцинираат над 70% од населението, со што би дошло до колективен имунитет.

-Ова требаше да биде спринт, а не маратон. Ние се уште се убедуваме, а требаше да биде брза реакција. Сметам дека година дена доцниме со сериозна кампања за вакцинација, вели докторот во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Според него, во моментов постои сериозен интерес од Министерството за здравство за таква кампања, што покажува и средбата на министерот Сали со верските лидери.

-Од нас како КЗБ се уште не е побарано за поефективна кампања за вакцинација. Со таква кампања низ светот беа потистнати теориите на заговор и шпекулациите за квалитетот на вакцините, појаснува д-р Мехмедовиќ.

Слични содржини