Докторот по медицински науки, супспецијалист по пулмологија, супспецијалист по клиничка имунологија и супспецијалист по алергологија, Наум Мојсоски кој бил прв клинички имунолог на Балканот, има излекувано, според негови зборови, многу тешко болни лица во поранешна Југославија, меѓу кои и високи функционери во разговор за „Локално“ вели дека причината поради која Македонија е на шесто место по смрттноста во светот, а пред нас се Перу, Бугарија, Унгарија, Босна и Црна Гора, е „неорганизираниот здраствен сиситем“.
– Кога дојдов во Македонија неможев да сфатам дека имаме нешто помалку од 20 пулмози, инфектолози помалку од 40, а имашe дефицит од анестезиолози, патолози, педијатри, а тие се клучни за борбата со оваа болест, наречена Корона. Сега во ковид центри работат млади доктори кои не се пулмолози, инфектолози кои немаат доволно знаење од пулмологија и инфектологија, а доктори кои се без едукација работат со респиратори. До појава на пандемијата во Македонија немаше респираторни центри каде би се едуцирал кадар за респиратор. Пример на почеток на пандемијата имаше респиратори на инфективна клиника, но поради недостаток на анестезиолози сега таму нема респираторен центар, туку само модуларна болница каде се врши кислородна поддршка, а грижата е префрлена на 8. Септември каде се омозможува механичка вентилација, вели Д-р Мојсоски.
Во модуларна болница, вели тој има 66 кревета по 6 во секоја соба, 12 кревета поради недостаток на кадар постојано се затворени, за 50 болни кои се на кислородна подршка, односно се во фаза со хипоксемија, а скоро се сите тешко болни.
– Во смени има двајца млади лекари без искуство на 12 часа, две мединицински сестри и еден болничар. На секој пациент му треба нега, тие не смејат да се движат ради хипохемија, затоа особено кај жени се става катетер и пелени, на сите им се дава инфузија и сега се прашувам, зарем е можно тој кадар да згрижи толкав број на тешко болни кога знаеме дека во цел свет на 12 болни лица треба 1 лекар и 6 медицински сестри. На интензивни одделенија на 8 болни треба 1 лекар и 8 сестри, а за респиратор треба на 3 респиратора 4 сестри и 1 доктор. Па, како сега нема да умираат овие пациенти, кој може да постигне од тој кадар со 2 сестри да изврши нега на болните, истакнува имунологот.
Во модуларна болница кај сите болни се дава иста терапија и тоа голема доза на метилпреднисолон 240мг, а скоро сите имаат тешка лимфопенија скоро 5-6% лимфоцити, висок N/L однос. Тој како клинички имунолог се прашува на таква тешка лимфопенија со што ќе се брани нашиот имун систем кога „пронизонот уште ќе направи апоптоза на лимфоцити“, односно програмирана клеточна смрт и кај некои од болните многу брзо ќе дојде до неконтролирана имунолошка реакција и цитокинска бура и смрт.
– Кина беше прва која престана да дава голема доза кај овие средно тешко болни и премина на Дексаметазон, a таа терапија ја прими и Доналд Трамп. Исто така се дава преголема доза на витамин Ц кој кај оваа болест како и кај Склеродермија не треба да се дава бидејќи го засилува формирањето на ТГФ бета, кој е главен за формирање на опасна белодробна фиброза. Понатаму се даваат два антибиотика, Панцеф и Цитерал без предхотно да се провери преку крв и одреди прокалцитонин, кој ако е нормален, бидејќи нема бактериска суперфинфекција, не трба да се даваат, освен ако болниот е ставен на респиратор. Во овој стадиум се даваше и крвна плазма, но СЗО на 15.11.2021 година ја забрани, бидејќи нема никаков успех, а има доказ дека прави АДЕ (антително заврзано внесување на вирусот во епителни клетки како кај болеста Денга), посочува Мојсоски.
Во однос на тоа зошто многу болни умираат на механичка вентилација, докторот вели дека зависи и од едукација на медицинскиот кадар, бројот на персоналот, грижата на болниот и терапија која се дава.
– Има земји како Германија, каде смртноста сега е под 20% на респиратор, а кај нас е преку 70%. Најчеста причина за смрт на механичка вентилација е ВАП (вентилатор асоцирана пнеумонија). Таа се случува 3% секој ден во првите 5 дена, 2% во следните 5 дена и 1% во следните денови. Се јавува во првите 48 часа од интубација. Микроорганизми во ВАП се јавуваат во првите 40 часа по интубацијата, а таа флора е од горните дишни патишта, по овој ран стадиум се јавуваат грам негативни бактерии. Важно е да се знае дека по 7 дена од интубацијата главни микроорганизам е стафилококус ауреус односно МРСА. Терапијата за ВАП е исклучиво емпириска и од таа терапија зависи исходот на болеста, смета тој.
Втора компликација на механичка вентилација е баротраума која доведува до рептури на алвеолите и како последица е пнеумоторакс, влез на О2 покрај крвните жили во медијастинум и настанување на пнеумомедијастинум. Оваа се случува до 25%. Голем тидал волумен и ПИП се главни ризични фактори и треба постојано да се контролираат овие два параметра и треба ПИП да биде постојано помал од 45 мм Hg, а плато на притисоците под 35 мм Hg. Волутраума е локална пресилна дистензија на нормалните алвеоли. Оваа овер дистензија доведува до сет на инфламаторни каскади кој понатаму ги оштетуваат градите. Оваа локална инфламација значително ја зголемува моќноста за поинтезивна цитокинска бура односно АРДС. Кислородната токсичност кај механичка вентилација под влијание на зголемени FiO2 (фракција на инспираторни О2) која доведува до продукција на оксиген слободни радикали. Оваа токсичност може да доведе до следните компликации: трахеобронхитис, абсорпциона ателектаза, хиперкарбонија, до дифузно алвеоларно оштетување кое е многу посилно од цитокинската бура или АРДС.
– Кај механичка вентилација треба многу стручен персонал и голем број на медицински сестри само на тој начин ќе се намали смртноста кај оваа пандемија, да нагласам само 04.02.2022 година во петок на респиратор во 8-ми септември за неколку часа, изгубија живот 5 болни, вели Мосјсоски.
Кај третиот степен на болеста или акутни респираторни дистрес синдром (АРДС) според Берлинските критерии се дели на 3 степени и тоа: 1. Лесен, каде PaO2/FiO2 e preku 300 мм Hg. 2. Среден степен, каде е тој однос е помеѓу 200 и 300 мм Hg. 3.Тежок степен, каде овој однос е испод 100 мм Hg. Тука тоа не се почитува затоа што болниот се става на респиратор само во 3.тешкиот степен, но за тоа потребно е да се измери парцијалниот притисок на О2 од радијалната артерија, а сега тоа се работи со пулсна оксиметрија и се случува да болниот е во 2.среден степен и е ставен на респиратор и го загуби животот. Болните од 1. и 2.степен треба да се лечат со проток на кислород преку 30 литри во минута, само во трет степен да се лекуваат со проток на кислород преку 30 литри во минута и само болните во третиот степен се ставаат на респиратор.
– Требаше како во Канада преку хелмет фаце маски да се направи во модуларните болници протокот на кислород да биде преку 30 – 66 литри во минута. И сега се дава на болните со тешка хипоксемија многу мал проток на кислород со маска до 15 литри во минута, што не е доволно за болниот со среден степен на АРДС каде дишењето е преку 50 литри во минута, што е нормално болниот да се задуши. Таквите болни често лекарите ги стават во проно положај, но од тоа нема голема корист, дециден е имунологот.
На прашањето дали има некои пропусти откако деновиве енормо се зголемува бројот на заразени лица со КОВИД-19, докторот по медицински науки смета дека нашите пациенти „се на милост и немилост сами да си ја земат судбината во свои раце“, одат во приватни лаборатории, шират инфекција, а матичните лекари многу тешко наоѓат слободен термин преку мој термин за ПЦР тест.
– Можеби за 7 и повеќе дена има слободен термин или во некој друг град, а така болестен и понатаму ја проширува инфекцијата. Болниот не е прегледан од матичниот лекар, комуникација се одвива преку телефон (тоа е телемедицина), ако тестот е позитивен епидемиолог го изолира дома без да било кој доктор знае во кој степен е болниот. Ако пак ПЦР тестот е негативен, тогаш матичниот не признава дека болниот има Ковид – 19 и го води како вироза (катастрофална грешка). Сега ако од тие болни за неколку дена се најдат во цитокинска бура итно матичниот лекар го упатува во Ковид центар и ако почине од министерството за здравство се известува дека смрта настапила затоа што доцна дошол – што за мене е голема медицинска грешка и за тоа некој треба да понесе одговорност, изјави тој за „Локално“.
За тоа дали со трета и четврта доза од вакцина и дали се ефикасни, Мојсоски е дециден дека вакцините спасуваат многу животи, а според него, пресметано е дека ако не се направени навреме, наместо 5 милиони, ќе имате изгубени од 25 до 30 милиони животи.
– РНК, ДНК (вектор), вакцини, во традиционални вакцини се користеа вируси со адјуванс, но јас како имунолог очекував подобри резултати од нив и имунитетотт да трае подолго, но тоа не се случи. Многу лекари очекуваат дека ќе развијат колективен имунитет, но во имунологијата таков имунитет не постои, тоа е епидемиолошки термин, ние во имунологијата велиме колективна заштита. Сега според нови испитувања ако се даде некоја вакцина во краток временски период, трета, па потоа четврта доза, доведува до така наречена периферна имунотолеранција, комплетно гушење на имунолошки систем, особено кај старите лица и имунодефисциентни, кај кои дендритичните клетки и онака се дефициентни со интеферон, слабо мобилни, тешко можат да го преработуваат антигенот и да го презентират на ЦД4 во лимфната жлезда, а кај стари лица нема ни доволно дендритични клетки. Оваа сега се случува во Израел каде вакцинираните примиле трета и четврта доза и на 04.02.2022 година имаше 98 смртни случаеви и 62.000 оболени, од кои 98 сите биле вакцинирани со трета и четврта доза, тоа зборува за пригушување на имунолошкиот систем кој сега при зараза со овој вирус имунолошкиот систем не може да му се спротистави, посочува имунологот Мојсоски.
Тврди дека трета доза може само да ги зголеми антителата, но тие кратко траат и не се функционални. Ова го претставило француска студија кој ги има утврдено кај најтешките случаи на болни лица кои завршиле со смртни последици од Ковид-19, формирале најмногу неутрализални антитела. Затоа, вели, Изреал сега ја стопира употребата на трета и четврта доза.
-На база на овие сознанија, јас сум да се изврши вакцинирање само со две дози на стари лица преку 60 години старост, а од помладите само оние кои имаа разни коморбидитети. Децата да не се вакцинираат. Сега за некој месец ќе се почне со вакцинирање со новата американска вакцина Новавакс. Оваа вакцина се разликува од другите вакцини по технологија на рекомбинантни наночестици и на аѓуванс Матрикс М со цел да го стимулираат имунолошкиот одговор. Научниците клонирале гени во бакуловирус кој заразува инсекти, со тој вирус заразиле клетки од молци, поточно клетки од инсектот есенски војнички молец, што доведува до производство на протеин од корона вирусот. Оваа има успех преку 96%, додава тој.
Објаснува дека лимфоцитите имаат клучна улога во борбата против короната, заради тоа е значајно да се зајакне антивирусната функција на Т лимфоцитите кај болните од Ковид – 19. Врз основа на досегашните лабораториски испитувања кај оваа болест во случаеви преку 80% на болни имаат лимфопенија, особено кај стари лица и со тежок степен на болеста.
-Тим увокал и Тимосин 1 алфа се полипептидни хормони кои го продуцираат тимусот. Во тимусот има околу 13 такви хормони, а сите се застапени во Тим увокал – овој препарат е направен од телешки тимус. Тие хормони ја извршуваат значајната диференцијација, матурација и доведуваат до зголемување на Т лимфоцитите и ја попречуваат апоптозата на Т лимфоцитите, која зачестено се случува со земање на голема доза на кортикостероиди. Овие два лека досега покажаа инзворедни резултати кај лекување на атопични болести, кај ХИВ, кај хепатитис Б и Ц. Јас, овие лекарства како терапија сум ги давал на преку 50.000 болесни лица изнесено на Светскиот конгрес во Женева 1998 година со особен интерес за тоа,
Тим увокал и тимосин 1 алфа значително ја намалуваат експресијата на ПД-1 (програмирана смрт – 1) и Тим – 3 (Т клеточни иммуноглобулин муцин – 3) таа е молекула која експримира секреција на интерферин гама на ЦД4 и ЦД8 лимфоцитите, а оваа ни кажува дека хормоните ја превртуваат исцрпеноста на Т лимфоцитите кај Ковид 19. Лечењето со Тимосин треба да трае најмалку 7 дена, а со тим увокал капсули од 3 до 6 месеци. Тие значајно го подобруваат бројот на Т лимфоцитите особено кај стари лица што се испитува сопроточна фотоциметрија. Се предлага сега во пандемија кај секој на прв поглед здрави луѓе, посебно кај стари лица превентивно да им се даде Тим увокал во траење од 3 месеци и на тој начин со зајакнување на стекнатиот имунитет ќе се избегнат тешки облици на Ковид со смртни последици преку 90%. Докажано е дека овие лекарства значајно ги намалуваат ПД -1 и Тим – 3 особено на цитотоксичните ЦД8 лимфоцитите во текот на акутната инфекција, објасни стручно за „Локално“ д-р Наум Мојсоски.
М.А.