Д-р Никола Пановски смета дека колку и да се добри брзите тестови за скринингот во училиштата, пола од случаите не ги фаќаат позитивните, а особено се помалку осетливи кај асимптоматските деца.
-Ова 50% е кај луѓе со симптоми. Најдобар да е тестот, може да даде лажно позитивен резултат. Ако тестирате 100 деца, барем 3 ќе бидат лажно позитивни, рече докторот во изјава за ТВ Сител.
Според него, во Хрватска сите родители добиваат тестови и секој понеделник пред училиште, сите деца се тестираат.
-Таму се прават за споредба 650 илјади тестови неделно. По 14 недели ќе се направат милион тестови. Кај нас се прават 5000 тестови. Ако веќе нема доволно, да се тестираат само децата што имаат настинки и симптоми и тие да се даваат во училиштата, за да им се помогне на родителите да не трошат, советува д-р Пановски.