Д-р Пановски: Кога ќе затопли, контролирано треба сите деца да се заразат

од Nikola Popovski
501 прегледи

Детската амбасада Меѓаши, микробиологот д-р Никола Пановски и докторот Злате Мехмедовиќ бараат да се преиспита одлуката за почеток на второто полугодие со физичко присуство.

Тие на дебата организирана од детската амбасада дискутирале за одлуката на Владата за претстојниот почеток на второто полугодие.

Експертите се против владината одлука второто полугодие да почне на 1 февруари со физичко присуство. Според експертите и понатаму децата треба носат маски во училниците. Тие додаваат дека сите светски истражувања покажувале дека маската не влијае врз здравјето на децата.

-Веројатно најдобро ќе беше да се почне со онлајн од 1-ви февруари во наредните две недели, а понатаму да се дискутира откако ќе видиме како ќе се одвива епидемиолошката состојба, смета д-р Мехмедовиќ.

Микробиологот Пановски смета дека е добро одложувањето на второто полугодие и дека добро е на почетокот и помалите ученици да носат маски кои се подисциплинирани, меѓутоа кога ќе затопли, контролирано треба сите да се заразат.

Слични содржини