244
Микробиологот д-р Никола Пановски смета дека маските треба и понатаму да се носат.
-Треба да останат на овие бројки. Треба да се носат во затвоени простории, во продавниците, бидејќи бројот е голем и придонесува за хоспитализации. Разликата треба да ја почувствуваме кога ќе го нема делта сојот и кога ќе имаме по 500 новозаразени, вели докторот во емисијата „Само вистина“.
Во однос на високиот број на починати од почетокот на пандемијата, Пановски смета дека треба да се признае дека има проблеми.
-Можеби соседните земји поинаку ги регистрираат, но да имате два-три пати повеќе од Косово или треба да се каже дека таму не ги регистрираат или проблемот е кај нас. Косовскиот здравствен систем е полош од македонскиот, појаснува микробиологот.