Д-р Пановски: Луѓето многу повеќе веруваат во бајачки, отколку во лекари

од Nikola Popovski
487 прегледи

Во однос на вакцинацијата, сметам дека е безмислено да се вакцинираат прележаните пациенти после само првиот и вториот месец од излекувањето на короната, како и малите деца, вели микробиологот д-р Никола Пановски во гостувањето на емисијата „Клик плус“.

Тој вели дека ние имаме неверојатен процент на починати.

-Мене ме интересира што кај нас на 300, имаме 15 починати лица што е неверојатен, нечуен процент. Треба да се види што е, дали не ги фаќаме позитивните, затоа што во овие земји што ги кажувате смртноста е 0,1% и пред омикрон и сега, вели Пановски.

Микробилогот додава и дека ваквиот регион е специфичен кога се работи за наука и вакцини.

-Филмот „Исцелител“ е вистинска приказна. Луѓето многу повеќе веруваат во бајачки отколку во лекари. Таков е Балканот, се верува во такви луѓе дека ќе помогнат, оценува д-р Пановски.

Слични содржини