Д-р Пановски: Намалена употребата на „Сумамед“ и „Панцеф“ за 58.000 дози

од Берта Китинска
346 прегледи

Микробиологот Никола Пановски на својот Фејсбук објави податоци во кои се наведува дека вкупно 58.000 дози помалку „Сумамед“ и „Панцеф“ биле издадени на рецепт во декември во споредба со ноември минатата година.

-Бројот на реализирани рецепти преку ФЗОМ на азитромицин (СУМАМЕД) е намален за 48.000, а на цефиксим (ПАНЦЕФ) за 10.000 во декември во однос на ноември 2020. Број на реализирани рецепти на азитромицин: септември 18618, пропишани на 11963 осигуреници, октомври 42414, за 25570 осигуреници, ноември 70115 рец, 41055 осиг и декември 22575 рецепти за 14656 осигуреници. Ништо страшно не се случи со практикување на медицина базирана на докази, напротив, пациентите се заштитени од непотребно давање на антибиотици, од двојни токсични дози на азитромицин. Според пресметките на ФЗОМ, само за декември заштедени се околу 200.000 евра од азитро и цефиксим. Најмалку уште толку останале во џебот на граѓаните кои инаку би ги купиле овие лекови. Благодарност до м-р Кристина Христова и нејзиниот тим од ФЗОМ, до сите колеги и пријатели за поддршката, до Фејсбук, печатените и електронските медиуми. Задоволен сум зошто ова е доказ дека некои крупни работи можат да се постигнат и без помош на МЗ, ЛКМ,МЛД, бројни специјалистички здруженија, на кои им благодарам што иако не помогнаа, не одмогнаа, пишува Пановски.

Слични содржини