1,4K
Професорот и макробиолог, Никола Пановски вели дека му е непријатно кога после една година се уште држи онлајн часови, а работат ноќните клубови.
-Истите деца одат во тие клубови, а не посетуваат настава со физичко присуство, тоа е нонсенс, смета Пановски во изјава за ТВ Сител.
Според него, сега кога е дел од Советот на град Скопј, ќе направи се што е под негова ингеренција.
-Затоа сум избран, особено за струката. Ќе помагам и во самото одржување на седницата, почитување на протоколи. Јавно ќе настапам, ако се случи она што се случи во некои спотови на партии кои победија и она што се случи во Ист Гејт. Ќе повикам медиуми. Не можеме да не ги почитуваме мерки, додека траат седниците или комисиите, потенцира Пановски.