Откако Заводот за статистика ја презентираше методологијата за пописот за тоа на какво начин тој ќе се одвива, се очекуваат конкретни насоки од здравствените власти, односно протоколите и мерките за реализирањето на истиот.
Со оглед дека пописот ќе се одвива теренски, микробиологот Никола Пановски смета дека оваа операција може да се одложи за еден до два месеци.
-Некаде од 15 мај, ќе може да се прими попишувачот на тераса или двор. Или со отворен прозорец, доколку нема тераса. До попишувачот ќе може да се седи со заштитна маска во најголемата просторија во домот. Може да се оди кај овие 100.000 што прележале Ковид-19, за да се искористи рокот да се вакцинираат во меѓувреме другите. Иако и сега е безбедно, може тогаш да биде побезбедно, иако тешко дека ќе го убедите народот дека е безбедно, др.Пановски за „Сител“ даде симулација за тоа како би изгледал пописот.