Има логика да се одложи стартот на второто полугодие од учебната година, изјави проф.-д-р. Александар Петличковски, директор на институтот за имунобиологија и хумана генетика во изјава за ТВ Телма.
Според него, тоа е потребно затоа што ова е најефикасниот момент за пренесување вирусот.
-Тоа ќе биде поразлично по две недели и сметам дека ќе имаме корист од одложување. Точно кога бранот ќе почне да се намалува, да не обезбедуваме нови услови за негово ширење. Треба да се размислува во таа насока, рече д-р Петличковски.
И микробиологот Никола Пановски е со сличен став.
-Вакцинираните го шират вирусот исто како и невакцинираните. Што се однесува до децата, сметам дека е добро зимскиот распуст да се продолжи за две недели, барем додека не заврши пикот од овој бран. Исто така сметам дека децата треба да продолжат со физичко присуство во училишните клупи, но без маски, потенцира д-р Пановски.