Д-р: Петровиќ: Заканата од коронавирус ќе трае уште две или три сезони

од Берта Китинска
203 прегледи

Ако достигнеме 1.000 потврдени случаи на инфекција со коронавирус на ден, тоа ќе значи дека имаме најмалку 5.000 повеќе заразени секој ден, од кои повеќето ќе имаат асимптоматска форма на болеста и ќе ја шират инфекцијата, вели српскиот епидемиологот Радмило Петровиќ за „Вечерње новости“.

Тој посочи дека токму поради овие асимптоматски случаи, експлодирал ковид 19 и дека на Србија и на сите други земји ќе им биде тешко да ја запрат епидемијата.

Според него, сегашната инфекција не може да се потисне ни со ПЦР-тестовите на границите или со изолирање на контактите на заразените.

Вирусот е присутен толку многу што никој повеќе не може да ги „фати“ сите контакти, ниту може да се бројат и контролираат, смета Петровиќ.

„Таквите мерки можат да ја намалат инфекцијата и да го забават ширењето на вирусот, но епидемијата не може да се ограничи“, објасни тој.

Тој вели дека ќе има „имунолошки ѕид“ само кога најмалку 60, и по можност најмалку 70% од населението, ќе бидат заштитени на еден од тие два начина.

“Заканата од САРС-КоВ-2 сигурно ќе трае уште две или три сезони”, заклучи Петровиќ.

 

Слични содржини