Д-р Софијанова: Детската клиника ќе ги отвори вратите за татковците и за миленичињата

од Берта Китинска
290 прегледи

Директорката на Клиниката за детски болести, Аспазија Софијанова најви дека детската клиника ќе стане „Father friendly“ и „Pet friendly“ болница,. Таа најави дека ќе го среди неонаталниот и педијатрискиот транспорт за да се овозможи побрз транспорт на дечињата од регионалните центри во Детската болница во Скопј

-Јас сум европски ориентиран човек и верувам дека ќе ја срушиме стигмата да се дозволи престој на татковците со децата во Клиниката.Предност им се давала секогаш на мајките најмногу поради доењето и потребата на бебето и детето од мајката, но ќе се потрудиме да не ги дискриминираме и татковците. Има самохрани татковци до кои сакам да упатам посебна почит за вложувањето што го даваат за да ги израсната децата. Ќе се потрудам сега од оваа позиција која ја имам да ги променам работите. Со министерот Филипче ќе имаме креативни разговори, тоа што Вие го предложивте сега ќе го ставиме на агенда за делување, објасни Софијанова во Утрински Брифинг.

Слични содржини