335
Животот и смртта се многу блиску едно до друго, заедно годинава да го победиме вирусот, порача директорката на Клиника за детски болести, д-р Аспазија Софијанова во Студио 10 на ТВ24.
Таа вели дека за да го победиме вирусот потребно е да покажеме разумност.
„Со короната ни се изместија многу работи, но насмевките мора да останат. Белиот мантил е тука за да помогнеме на сите граѓани.Мислевме дека ќе се маргинализира целата работа, ама изгледа не сме ги научиле до крај лекциите. Сите бевме едно, се сплотивме како здравствени работници. Животот и смртта се многу блиску, заедно годинава да го победиме вирусов, умот човечки ќе победи, остануваме во првите борбени редови“, вели Софијанова.