Д-р Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите презентирани во јавноста, велат од Детската клиника

од Nikola Popovski
299 прегледи

Клиниката за детски болести денеска ја информира јавноста дека месечната исплата на надоместоци на вработените се извршува со примена на Законот за здравствена заштита, каде што истите се утврдени во Член 216 – Дежурство, Член 217 – Посебен случај на дежурство, Член 218 – Готовност и Член 219 – Плата и дел од плата за работна успешност и Член 220 – Додаток за работа во дежурство и готовност.

Од таму појаснуваат дека во овие членови е јасно наведено во кои околности и услови се исплаќаат надоместоците, за дежурствата кои се целосно утврдени, за состојба на готовност кога здравствениот работник треба да биде 24/7 достапен на телефон или со други сретства за комуникација, како и за сите останати надоместоци.

-Сакаме да укажеме дека пресметката за надоместоците на директорката д-р Аспазија Софијанова никогаш не била исплатена со надоместоци во износите кои беа на одредени документи презентирани во јавноста. Клиниката за детски болести како институција секогаш била отворена за транспаретна соработка со медиумите дури и во ситуации кога нашето време било потребно на друго место имајќи ја во предив нашата приоритетна работа грижата за здравјето на пациентите, стои во соопштението од Клиниката за детски болести.

Ова следува откако Софијанова беше обвинета од новинарот Фуркан Салиу дека земала повеќе пари за дежурства отколку што и е основицата на плата. Според тоа што се слуша на видеото објавено од новинарот, Софијанова добивала над 3000 евра месечно од клиниката од кои 190 000 денари се надомест за дежурства на кои според Салиу таа не била на работа, односно за кои Салиу бараше да се изврши увид во видео камерите за да се види дали била присутна во деновивите кога се заведени дежурставата.

Докторката утрово демантира дека земала плата од 300.000 денари и негира дека земала пари надвор од нејзината работа.

-Работам само на Клиниката за детски болести и јикаде на друго место. Начинот на пресметка на дежурства е утрвден со соодветен правен акт и истиот се почитува до детал. Клиниката е мојот дом ова го знаете многу добро повеќето од вас, мојата вчерашна реакција беше поттикната од шокираноста на обвинувањата за моите дежурства на одделот за интензивна, за сите тешки случаи со дечиња на интензивна, и сите останати одделенија. На секој утрински репорт стои моето име за секоја посериозна одлука, а одлуките знаете станува збор за живот и здравје на дечиња, истакна меѓу другото Софијанова.

Слични содржини