298
Пандемијата покажа колку се важни вакцините. За вирусот нема лекови, а во тој момент немавме ни вакцина. Вакцините спасуваат живот. Токму оваа вакцина против ковид може да помогне во справувањето со епидемијата со оглед дека е нов вирус и новата вакцина се појави многу бргу па предизвика скептицизам кај граѓаните, вели доктор Катерина Ставриќ во во емисијата „Магазин“.
-По примањето на вакцината секогаш е потребно најмалку 15 минути лицето кое ја примило да почека во чекална за да се провери дали има некоја реакција, за да може веднаш да се реагира. Прележаната болест не е контраиндикација за примање на вакцината со оглед дека има потреба од вакцини секако дека лицата кои прележале ковид ќе бидат вакцинирани понатаму, вели Ставриќ.