440
Растот на бројот на заразени од коронавирус во нашата земја ја вознемири целата јавност во Северна Македонија.
Директорката на Инфективната клиника, Милена Стефановиќ вели дека е загрижена поради таквата состојба.
„Јас сум клиничар и нормално е дека ме плаши новиот број на заразени и тешки болни. Тоа повлекува потреба од целокупен здравствен систем на лекари, персонал помошен, простор. Тоа се треба да биде педантно за пациентите“, истакна Стефановиќ во гостувањето на Алфа ТВ.