Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ во интервју за Канал 5 вели дека по ранлива група на британскиот сој е помладата популација.
„Британски односно новиот сој, но за нас и не така нов, не само што побрзо се шири туку има потешка клиничка слика и за младата популација е ранлива. Болниците се полни. Специфичен лек нема, но умешност е трпеливото следење на пациентот. Се справуваме со потежок и поопасен вирус, со претходниот имавме поинакво искуство и веќе го научивме, но морам да кажам дека ковид-19 ќе биде сериозен предмет на Инфектологија. Дел од пациентите кои умираат не само што се помлади, туку немаат ни коморбидитети. Секако има и такви кои имаат коморбидитети, но не знаат, па ковид-10 само ќе ја влоши состојбата. Факт е дека пациентите сме ги добиле во исклучително здравствена, има и такви кои доцна доаѓаат, па има и нагло влошување на состојбата, но и смртен исход. За нас секој изгубен пациент е болка и неуспех. Незнаница е тоа што се случило со дел од пациентите, но ете, знаеме што се слушува како пациенти со хроничен дијабет, тромбоза…”, вели д-р Стевановиќ.
Таа повторно испрати апел да се почитуваат мерките, и вели дека високата температура порано не беше толку специфична, но сега таа постои и знае да трае со денови.