Д-р Стевановиќ: Физички бевме нападнати и ни ги сечеа гумите од автомобилите

од Nikola Popovski
460 прегледи

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ зборуваше за проблемите со кои се соочуваат медицинските лица.

-Притисоците, губењето пациенти, секундите кога ги губите, а сте немоќни. Сето тоа тешно ни паѓа. Со полно разбирање на семејствата, но заканите и навредите што сме ги доживеале навистина не погодуваат. Нас и физички не нападнале. Ни ги сечеа гумите на автомобилите со нож. Давате се од себе, се трошите, ретко ги гледате своите семејства, а имате континуирана критика на системот. Но, тоа е наша работа и ќе ја работиме се додека стоиме на нозе, вели д-р Стевановиќ во гостувањето на „Топ тема“.

Во однос на кадарот, Директорката информира дека во изминатите 12 години, Клиниката добила само 3 инфектолози.

-По систематизацијата, имаме потреба од 12 специјалисти-инфектолози. Тоа е огромна бројка, додава д-р Стевановиќ

Слични содржини