285
Директорката на Клиника за Инфективни болести, д-р Милена Стевановиќ денеска изјави дека се додека нема притисок, модуларните болници нема да ги отворат.
-Ова е се со цел да ја менаџираме работната сила и да не ги исцрпуваме колегите. Полесно е да се работи во една институција и да се внимава на пациенти отколку тие да бидат поделени во повеќе болнички институции, вели Стевановиќ во изјава за ТВ Сител.
Според неа, во текот на вчерашниот ден на Инфективната клиника се примени 7 нови пациенти, од кои само еден бил вакциниран.
– Клиничката слика кај оние во болница е средно тешка и тешка, појаснува Стевановиќ.