Д-р Стевановиќ: Најстариот пациент на Инфективна е на 94 годишна возраст за која го очекуваме контролниот брис

од Берта Китинска
206 прегледи

Доктор Милена Стевановиќ, директор на Клиниката за Инфективни болести за 24 инфо вели дека немало потежок период за работа од изминативе месеци. Во моментов на клиниката има хоспитализирани 100 пациенти, а најстариот пациент од 94 години чека втор негативен тест за да си оди дома.

„Најстариот пациент е наша миленичка на 94 годишна возраст за која го очекуваме контролниот брис за КОВИД 19 и да ја отпуштиме, на наша радост и радост на нејзиното семејство. Секако дека ме плаши заразата, би било навистина не одговорно да не се плашам. Тој страв ме тера да бидам многу претпазлива и во секој момент да носам соодветна лична заштита, зависно што во моментот работам. Се обидуваме ниту еден пациент да не остане без потребна здравствена грижа и третман, во ова ни помагаат сите здравствени капацитети. За време на оваа пандемија видовме многу болка и големи семејни трагедии, кога скоро цели семејства беа хоспитализирани и многумина од нив ја изгубија битката со КОВИД, мислам дека нема потешко од тоа. Но, секако и повеќе члена од семејството да заминат здрави од нашата болница. Радоста за секој направен испис е голема“, вели д-р Милена Стевановиќ, директорка на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Слични содржини