Д-р Стевановиќ: Никој не може да го спречи нашиот народ да слави, но цената што ќе ја платиме е висока

од Nikola Popovski
474 прегледи

Големиот број новозаразени со вирусот во Македонија, особено младите, е последица на континуираното прилично неодговорно однесување, особено за време на претновогодишните и новогодишните прослави, изјави денеска директорката на Инфективната клиника во Скопје, Милена Стевановиќ.

-Во претходните две години бевме сведоци на сериозно непочитување и далеку построги мерки за превенција од Ковид-10. Очигледно никој и ништо не може да го спречи нашиот народ да слави, без разлика на чекот што го плаќаат лично, како семејство, а за жал и колективно, рече Стевановиќ во изјава за МИА.

Како што истакна таа, „белите мантили интензивно повикуваа на сериозна потреба од сериозно однесување во претпразничниот и празничниот период, но за жал има толкава (ниска) доверба и почит кон „белите мантили“, додека не се неволја на вратата“.

Стевановиќ додаде дека би биле среќни доколку граѓаните кои сакаат поголема сигурност се вакцинираат редовно и додаде дека третата доза е неопходна за зголемување на имунитетот и заштита од Ковид-19.

-Денеска гледаме дека не се заштитени ниту оние кои преминале, а некои мислеле дека се позаштитени. Омикрон има далеку поголема моќ за реинфекција, што деновиве го констатиравме во нашите клиники, изјави директорката на Инфективната клиника.

Таа додаде дека вакцината никогаш не обезбедила стопроцентна заштита од инфекција, но дека се очекува да даде многу полесна здравствена слика на пациентите.

-Нивната заштитна моќ ќе биде различна во зависност од мутацијата на одреден вид на вирусот. Но, од секој од нив очекуваме заштитна моќ, во зависност од мутацијата на одредени соеви на вирусот, а од секој од нив очекуваме далеку поблага форма на болеста, рече Стевановиќ.

Слични содржини