“Операцијата на премиерот помина успешно. Тој имаше оштетување на менискусот што обично се добива од фудбалски повреди. Мораше да отстраниме дел од менискусот”.
Ова за бугарски “24 часа” го изјави специјалистот поо ортопедијата доктор Тони Георгиев.
Како што претходно “24 часа” соопшти премиерот Бојко Борисов беше опериран утрово од доктор Георгиев во болница “Софијамед”.

“Бојко Борисов ќе се опоравува повеќе од еден месец. По овој период тоја повторно ќе може да игра фудбал”, објасни доктор Георгиев.
Тој прецизира дека всушност ова е втората операција на менискусот на истита нога која Борисов ја повредила. При првата е отсеченоа парче од менискусот,а слична манипулација е извршена и утринава.
Според д-р Георгиев слични операции се релативно честа појава кај луѓето кои вежбаат активно, особено фудбал.
Поради повредата Борисов ќе ја пропушти официјалната церемонија на Трети март, но следниот ден ќе се сретне со шефот на ФБИ – Џејмс Коми и претседателот на Азербејџан Илхам Алиев.
Според д-р Георгиев премиерот ќе биде во доволна добра форма за овие средби.
Сестрата на Бојко Борисов д-р Красимира Стојанов коментира за Блиц: “Се е во ред. Операцијата поминала нормално. Детали не знам, бидејќи не сум зборувала со него”, рече д-р Красимира Иванова.