Д-р Трајановски е нов директор на ТОАРИЛУЦ

од Берта Китинска
230 прегледи

Министерството за здравство информира дека за нов директор на Универзитетска Kлиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и Ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) е назначен Александар Трајановски.

Трајановски е вработен на Клиниката за ортопедски болести при ТОАРИЛУЦ од 2011 година. Дипломирал во 2006 година на Медицинскиот Факултет, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Во 2012 година завршува специјализација по ортопедија, а во 2019 година ја завршува и субспецијализацијата по трауматологија на истиот факултет.

Новиот директор на ТОАРИЛУЦ, се едуцирал и на Универзитетскиот Клинички центар во Љубљана и во болницата Аџибадем Истанбул во Турција.

Трајановски бил учесник во научни проекти, а автор и коавтор е на повеќе научни публикации.

Слични содржини