Д-р Трајковски: Помеѓу две вакцини треба да се носи заштитна маска и да се внимава

од Берта Китинска
240 прегледи

Различен тип на вакцина, различно почнува да работи. Помеѓу две вакцини треба да се носи заштитна маска и да се внимава. Вакцинирањето не значи дека нема да заболиш, вели матичниот лекар д-р Бојан Трајковски во емисијата 24 анализа.

Тој вели дека од самиот почеток кога се најавила вакцинацијата, интересот е голем и бројот на пациенти кои се лекуваат е голем.

-Пациентите кои се вакцинирале макар и со една доза, веќе имаат развиено многу посоодветен имунитет кон болеста и реакцијата, клиничката слика е многу полесна, вели Трајковски.

Toj истакна дека мора цело време да се апелира за вакцинација, а кампањата не е добра, зошто луѓето имаат стигматизација. Вакцинацијата е единствениот спас и мора да се вакцинираме за да се вратиме во нормала. Тоа го тврди науката, вели д-р Трајковски.

Слични содржини