Д-р Трајковски: Во наредните 2-3 недели ќе имаме по 3000 ковид-случаи, да се воведат рестриктивни мерки

од Nikola Popovski
575 прегледи

Универзитетскиот професор Дејан Трајковски предвидува дека во наредните 2-3 недели можеме да имаме и по 2-3000 случаи на коронавирус.

-Денеска практично ги надокнадивме испуштените броеви и се вративме на линијата на експоненцијалниот тренд на раст. Ова е јасен показател за зголемената преносливост на омикрон сојот, којашто за време на доминацијата на делта сојот беше во постојано намалување (како што растеше прележаноста) и истата не зависеше многу од бројот на тестирањата. Оваа стапка не беше многу зголемена ни во предновогодишниот период за прослави.

Кај нас бројот на тестирања претставува ограничувачки фактор, но доколку би се тестирало повеќе, при дневна инциденца од 0,35% (колку што моментално има на пример во САД) на врвот од бранот би имале речиси 6.000 случаи дневно. Сепак, слабото тестрање кај нас ќе ни го прикаже само врвот на ледениот брег, односно можеби само 2.000-3.000 случаи на ден, објави Трајковски, кој е познат по своите математичко-статистички пресметки за ширењето на заразата.

Според него, загриженост предизвикува потенцијалното испраќање на многу вработени на боледување, што можеби ќе доведе до пореметување на работниот процес во многу претпријатија и институции, со сите негативни економски последици.

-Затоа населението сепак би требало да води повеќе сметка за превентивните мерки, а не би било на одмет и државата да воведе рестриктивни мерки. Подобро веднаш, заради ограничување на растот, отколку во февруари (како што направија лани во април), откако бранот веќе помина и бројките спонтано се намалуваа. Целта на мерките е да донесе корист (да ги намали дневните броеви), а не колку да се каже дека нешто се прави, додава Трајковски.

Денеска беа регистрирани 1.197 нови случаи на коронавирус, пет пати повеќе од претходниот ден. Во соопштението на Министерството за здравство се наведува дека во последните 24 часа се направени 7.483 тестови за коронавирус и дека позитивни биле 16 отсто.

Слични содржини