Во екот на пандемијата доаѓаат пациенти кои не се сигурни дали се позитивни на Ковид 19, и најчестиот симптом е губење на мирис и вкус, вели доктор Билјана Трифуновска, специјалист за уво, нос и грло во Магазин за Сител.
-Еден од главните симптоми е губењето мирис и вкус, покрај респираторните проблеми.Повеќето пациенти се сомневаат во овој симптом. Според спроведената студија скоро 70 отсто од пациенти го губат мирисот и вкусот, вели Трифуновска.
На пршањето зошто токму овој симптом се појавива кај пациентите кои се позитивни на Ковид 19, Трифуновска вели дека, токму носот е местото каде се складираат бактериите и се напаѓаат клетките.
-Приемот на вирусот ни е преку носната лигавица и токму овој вирус ги напаѓа сетилните клетки.Овој симптом може да се јави и по неколку дена, објаснува Трифуновска.